Донација

Донација

0 MKD
* Износ:







За организацијата

Првата детска амбасада во светот МEЃАШИ - Република Македонија е меѓународна граѓанска организација за заштита на правата на детето формира на 29 април 1992 година во Скопје, како светска асоцијација и прва регистрирана меѓународна, непрофитна, непартиска и невладина организација за заштита на правата на детето. Се залага за почитување на детската личност преку заштита на нивните права, застапување на детските интереси и преку збогатување на животот со содржини, кои детството го прават сигурно и творечко. Го зајакнува НВО движењето за правата на детето, развивајќи го волонтерскиот пристап во работата и се грижи за спроведување на Конвенцијата за правата на детето.

Амбасадата со своите активности придонесе во развивањето и јакнењето на граѓанската свест за детските права. Taa го сруши молкот за детските страдања, особено за физичката, сексуалната и економската злоупотреба на децата, откривајќи во јавноста повеќе случаи на злоупотреби и директно ангажирајќи се за воспоставување поефикасни механизми за заштита на децата.

Клучни вредности и принципи во работењето на Детската амбасада Меѓаши се: Партиципација (учество, вклученост) на децата и возрасните во процесите на одлучување за прашања кои се од нивен интерес; Волонтерски пристап во заштитата на правата на децата; Промовирање и практикување на мир и толеранција преку почитување на ставовите и однесувањата на другите; Еднакви можности за сите во остварувањето и почитувањето на нивните права; Отчетност, одговорност и непартизираност во работењето на организацијата.

Главното мото на Детската амбасада Меѓаши е: Сите идеали на светот се побеззначајни од солзите на едно дете.

            
Наши цели и мисија

Првата детска амбасада во светот Меѓаши ги застапува и заштитува правата на децата , поттикнува одговорно родителство и почит на детската личност, го зајакнува граѓанското движење за правата на децата, детското учество и се залага за функционалност на институциите во најдобар интерес на детето. Меѓаши го промовира мировното образование , развивајки активно граѓанство засновано на принципот на ненасилство и ги негува раличностите и еднаквите можности за сите.

Со нашата работа сакаме да придонесеме за остварување на следните долгорочни цели:
-    почитување, заштита и унапредување на правата на детето со посебен акцент на детското учество,
-    унапредување на културата на мир и ненасилство,
-    зајакнување на граѓанската и општествената мобилизација за добробит на децата,
-    градење функционални институции кои постапуваат во најдобар интерес на детето и
-    МЕЃАШИ е проактивна и одржлива oрганизација, заснована на јасни вредности и способна да нуди решенија и да иницира промени.

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

Bushavko © 2022. UKION SHOPS